Црвената боја е секси. Некои студии покажале дека мажите сметаат оти кога жените носат црвена боја се поатрактивни сексуално, а и тие самите повеќе така ги доживуваат. Но, има нешто повеќе од тоа.
Во студијата на Адам Панза објавена во Билтенот посветен на карактерот на личноста и социјална психологија (Personality and Social Psychology Bulletin) на Универзитетот Рочестер се вели дека „жените ги перцепираат и се однесуваат кон други жени што носат црвено како овие вториве да се рекламираат“. Со други зборови, жените во црвено се гледаат како закана за другите жени.
Пазда и негвоите колеги извршиле три експерименти спреоведени низ светот. Во едниот, на 196 жени им било дадено да видат фотографии на умерено атрактивни жени во нивните доцни 20-ти години. На едната група и' биле дадени фотографии од девојките кога носат црвено, додека на другата кога носат бело. После тоа, на учесниците им биле поставени низа прашања околу нивната перцепција на жените од фотографиите. Тие што ги гледале оние во црвено ги перцепирале како сексуално повоочливи.
Друг тест пак со 143 жени даде резултат дека тие би биле помалку расположение да запознаат жена облечена во црвено со нивните момчиња. Жените во црвено исто така се доживуваат како помалку верни во љубовна врска.
Објаснување за ова? Научниците не се сигурни зошто црвената боја е толку сугестивна, но во повеќе наврати докажаа дека тоа е така. Студија од Универзиетот British Columbia вели дека жените во најплодните денови најчесто одбираат да носат црвена или розова боја.
Што мислите вие?