Адријана Лима е ново заштитно лице на Мејбелин

15 јули 2014

Една од најубавите манекенки на денешницата, Адријана Лима се врати на својата старо/нова улога, односно по неколку годишна пауза повторно стана заштитно лице на козметичкиот бренд Мејбелин.

Адријана истакнала дека е среќна што повторно ќе соработува со козметичкиот бренд и дека ќе биде нивно заштитно лице, а пофалните зборови не изостанаа ни од брендот. Портпаролот на Мејбелин, Џерон Брухат за новиот ангажман на Лима истакнал – „Нејзината страст за животот и позитивната енергија не може да се негираат. Таа е вистинска Мејбелин девојка“.

Во исчекување на новата кампања, во продолжение ќе ве потсетиме на постари кампањи, во кои Адријана Лима ја има главната улога.

Објавено:
15 јули 2014
Категорија: 
Сцена