Децении наназад, француските жени се вистински пример за тоа како треба да изгледа една совршено средена и стилска дама.
Тие се пример и инспирација не само за одличните комбинации што ги прават, туку и за единствениот стил со кој јадат, се движат, се смеат, стареат...
Нам никогаш не ни треба повод за да говориме за стилот и леснотијата со која шик Французинките го поминуваат секој ден, па токму поради тоа, во продолжение уживајте во неколкуте совети со кои барем на момент ќе изгледате како вистинска француска дама.
Како да се облечете како француска ИТ девојка?
Од Брижит Бардо па сѐ до денешната модна икона Марион Котилард, дефинитивно има голем број на совети и инспирации што може да ги црпиме од овие вистински диви. Прочитајте за истите во продолжение и бидете шик девојка уште денеска.
Топ 5 тајни на францускиот стил
1.Носете парчиња со пруги секогаш кога ви се вклопуваат во комбинацијата!
2.Уживајте во денот со рамни балетанки!
3.Ставете колоритна мини марама и големи очила за сонце
4.Носете парчиња со секси црна тантела
5.Бидете храбри и носете и машки комбинации!
Црпете инспирација од „уличните“ париски девојки
Шик девојките од париските улици се подобра инспирација дури и од колекциите што дизајнерите ги презентираат на модните писти. Девојките се особено креативни за време на тамошните модни недели, па секогаш кога имате време, погледнете по некоја фотографија од париската улична мода.
При недостаток на мотивација, инспирирајте се од Инес де ла Фресанж!
Француската шик девојка, модел, моден дизајнер и ИТ лице во Франција, секогаш ги има вистинските комбинации. Таа е вистинско олицетворение на францускиот стил и на тамошните девојки кои секогаш знаат да изгледаат добро. Не ја пропуштајте!
Француските модни икони го имаат последниот збор!
Ако говориме за стилот на француските девојки наназад низ годините, модните икони како Коко Шанел, Едит Пјаф, Кетрин Денев и многу други отсекогаш знаеле да ја направат најдобрата комбинација. Низ годините, тие се истакнаа како едни од најмодерните девојки од кои целиот свет црпи инспирација, а веќе сите ја знаеме неверојатната приказна на Коко Шанел!
Ако сакате да бидете француска шик девојка, ова се париските бутици што мора да ги знаете!
-Луксузниот Beneton Graveur каде ќе ги најдете најдобрите рачно изработени илустрации!
-Carine Gilson Lingerie – таму ќе ја најдете најубавата, свилена, нежна и романтична долна облека во Париз.
- Dary's – каде го имате најбогатиот и најубав избор на винтиџ накит во цела Франција.
- Iglaïne – тука ќе најдете винтиџ Лакроа, Шанел, Сен Лоран, Муглер, Балман и уште многу други...
- Merci – место каде ќе ги најдете сите најубави и шик париски производи од тренди палтата на Изабел Марант, па сѐ до најубавите француски светилки.
Украдете го стилот на Џејн Биркин!
Токму Џејн Биркин е една од најпознатите и најпрекрасните бохо икони на Франција која на секоја своја комбинација успева да и вметне доза париски шик. Доколку сте обожавателка на ваквиот стил на облекување, тогаш нејзините комбинации се како создадени за копирање!
Здравата и сјајна кожа е нешто што мора да го имате!
Она што ќе ви го каже секоја Французинка е дека здравата и сјајна кожа е најважното нешто! За да го постигнат тоа, тие спијат околу 8 часа, јадат многу салати, употребуваат само природни маски и креми на база на овошје и зеленчук и пијат чаша бело вино!
Мајките ги пренесуваат советите за убавина на ќерките!
Задолжително, мајките ги пренесуваат советите за убавина на ќерките. Некои од најважните се секогаш да го негувате целото тело со крема, секогаш да ја чистите шминката пред спиење, шминкајте се само за специјални пригоди, носете препознатлив парфем секој ден и оставете ги вашите веѓи „на мира“.
Заведувајте тивко и достоинствено!
Белиот фустан во комбинација со секси нашминканите очи и добриот парфем се единствените работи кои ви требаат за да заведувате како професионална француска девојка! И да, никако не заборавајте го шармот.