Луѓе со инвалидитет во новиот каталог на Нордстром

18 јули 2014

Нордстром ја продолжува традицијата која започна во 1997 година и повторно ангажираше лица со инвалидитет за снимање на јулскиот каталог, во кој се презентираа парчиња за следната сезона.

Џулијан Меркадо е еден од најпрепознатливите модели во каталогот, особено откако се појави во пролетната кампања на Дизел за 2014 година. На Меркадо и беше дијагностицирано мускулна дистрофија како дете, а останатите модели кои се дел од каталогот се поранешниот војник Алекс Минкси кој изгуби дел од ногата служејќи во Авганистан, Шахоли Ајерс која е родена без долната половина од десната рака и седумгодишната Емилија Тагучи, која има Даунов синдром.

„Ние им се обраќаме на клиенти од разни сфери. Не се обидуваме да го промовираме хендикепот, само сметаме дека личностите со посебни потреби имаат неверојатен стил кој треба да се истакне“ – изјави претставничката на Нордстром, Тара Дероу.

Проектот на модната куќа е за пофалба бидејќи ги крши секојдневните општествени табуа за тоа што всушност претставува убавината преку различни профили на луѓе, со своите предности, но и недостатоци.

Објавено:
18 јули 2014
Категорија: 
Актуел