Неверојатни модни илустрации на Антонио Соарес

4 јули 2013

Модниот илустратор од Порто, Португалија, Антонио Соарес, неодамна го претставил својот нов голем проект. Имено се обидел на модната публика да и понуди една поинаква модна ревија, така што решил да ги наслика трендовите на пролет-лето 2013 на парче хартија. Неговите цртежи се живи модни инсталации. Моделите имаат емотивни изрази на лицето и прикажуваат уникатна модна приказна.

 

 

Негова инспирација во дефилето на писта биле модни парчиња од колекциите кои ги понудиле модните куќи како Шанел, Долче Габана, Белмејн, Луј Витон, Селин, Нуно Балтазар и други.

 

 

 

Уживајте во ова необично возење!

 

Објавено:
4 јули 2013
Категорија: 
Фото галерија