Hipstory Hipstory

Веројатно никогаш не сте помислиле на тоа како светските владетели и водачи би изгледале како хипстери. Но, Амит Шимони, уметник од Израел, не само што размислувал на таа тема, туку и визуелно ја претставил.

Тој создаде серија симпатични и хумористични илустрации, обединети под името Hipstory.

Џон Ф. Кенеди со хипстерска фризура, Нелсон Мандела во шарена бомбер јакна, Реган во шушкавец, Ангела Меркел со пирс на нос, се само дел од неговите визуализации.

Ангела Меркел

А она што е всушност целта на неговата работа е да го поттикне размислувањето за светските лидери, општеството и нас самите. Авторот сака да потенцира на тоа дека денешните генерации се оддалечуваат од големите идеологии и бараат излез во модното изразување и свртување кон самите себе.

Исто така, тој додава дека со ова не сака да наметне било каква критика, туку само да нè натера да забележиме на кој начин размислуваме за себеси и личностите што нè инспирираат.

Барак Обама Барак Обама

На линкот овде имате можност да видите и голем број предмети и модни додатоци токму со овие ликови. Инку, Амит е веќе познат во светски рамки, организирал поголем број изложби, а дел од нив и токму со оваа тема Hipstory. Овие илустрации краселе и насловни страни на магазини, а се нашле и во бројни домови.

А во продолжение ви ги претставуваме ликовите што го инспирирале Шимони.

Објавено:
2 јули 2015
Категорија: 
Фото галерија