По сите исполнети услови, Judge Jules ветува спектакл на Градиште

23 јули 2014

judgejules

Летово не очекува уште една незаборавна журка која ни ја гарантираат организаторите Summer Beach Club Gradishte и Sun Produciton на традиционалниот летен фестивал „Love & Happiness”, закажан за 26 јули (сабота) со почеток во 22.00 часот.

На големо задоволство на сите љубители на електронската музика, ќе настапи мега популарниот лондонски диџеј, креаторот на најпознатото радио шоу за електронска музика GLOBAL WARM UP, единствениот Judge Jules. Веднаш после неговото шоу на Ибица “JUDGEMENT FRIDAYS“, Judge Jules со својот приватен авион доаѓа за Охрид, за настап на “Love & Happiness”.

Baner-fashionel

Организаторите на “Love & Happiness” навистина се потрудија да ги исполнат сите негови барања, за тој да има пријатен престој и најважно, одличен настап. На аеродромот ќе го чека лимузина, специјално подготвена за него, која ќе располага со екслузивен бар, а здравицата за пречек е предвидена со за него задолжителните,  шампањ “Dom Perignon” и свежи јагоди за десерт.

Од неговиот менаџмент беше нагласено Judge Jules да биде сместен во хотел со 5 ѕвезди, со поглед кон езерото, за да биде одлично одморен пред големиот спектакл во Градиште.

На  26-ти Јули на плажата Градиште 2 во Охрид, Judge Jules ќе пристигне по воден пат, со глисер.

JJ5-2011-1

На третата плажа на Градиште, жешката атмосфера ќе биде надополнета со настапот на еден од основоположниците на светската психоделична сцена, легендарниот SPACE TRIBE.

Влезниците за Love & Happiness може да се купат во предпродажба, по супер промотивна цена од 350 денари (потоа 450 денари) во 1/2 Југотон и дистрибутивната мрежа на www.kupikartizase.com.

Објавено:
23 јули 2014
Категорија: 
Актуел