Кога Марк Џејкобс ќе ви каже да излезете голи на модната писта на неговата последна ревија за модната куќа Луј Витон, вам не ви преостанува да кажете ништо друго освен „Да“. Добро, можеби сте биле под дејство на алкохол кога сте се согласиле на ваков „блам“, како што тоа го направи Иди Кемпбел, која вели дека била под дејство на алкохол кога се согласила гола да прошета по пистата.
„Имав испиено неколку мохита и се согласив, тоа е вистината. Тие рекоа дека тоа е совршено и ми рекоа да дојдам следниот ден во студиото за да ме подготват“, признава моделот.
За да се постигне посакуваниот изглед, таа морала да носи неудобни танга – гаќи, огромен тежок украс на главата и телото да и биде целосно исцртано, процес кој траел цели седум часа. Сето ова за британската манекенка било крајно исцрпувачки.
„Бев исцрпена, спиев само шест часа во рок од три дена и не смеев да седнам никаде додека сум исцртана. Сликарот, беше смотан, целосно ги погреши зборовите, па мораше целиот процес одново да се направи. До крајот на целата реализација бев истоштена и бидејќи повеќе не можев да стојам ме држеа двајца помошници. Тоа беше многу стресно искуство за мене“, вели Иди.