Уште една феноменална кампања на Кејт Мос
•
15 август 2014
Кејт Мос продолжува да го полни своето портфолио со нови ангажмани иако е во четвртата декада од својот живот.
Нејзиниот најнов проект е снимање на кампања за новата колекција на накит на дизајнерот Дејвид Јурман. Кејт изгледа префинето на црно – белите фотографии кои се дело на Питер Линдберг. Иако одамна ги има надминато годините за работа во модната индустрија, сепак ова правило не важи за британскиот модел кој и понатаму реди успеси, а воедно таа е и инспирација за нејзината сестра Лоти Мос, која почна да ги следи нејзините стапки.