Едно од најголемите холивудски имиња е лице на новата кампања на Gap

20 август 2014

Анџелика Хјустон

За најновата кампања Gap се одлучија да повикаат дел од најславните имиња во шоу-бизнисот наместо атрактивни моделки. Така, ѕвезди на последната кампања на брендот се Елизабет Мос, Џена Малон и Анџелика Хјустон. На нив им се придружуваат Мајкл Вилијамс и Зосија Мамет.

Тимот на Gap се одлучил на ваков чекор бидејќи сакале да ја презентираат и слават индивидуалноста и автентичноста на личниот стил, прашувајќи што значи да се „облечеш нормално“ (Dress Normal), како што е и насловот на кампањата.

Брендот сака со оваа колекција и кампања да им порача  на сите трендсетерки и љубителки на модата дека удобноста ја носи самодовербата и дека сите треба да се облекуваат пред се' за себе.

-Пронаоѓањето на своја верзија на „нормално облекување“ е уметност, моето „нормално“ е поинакво од твоето „нормално“, а тоа е суштината на кампањата. Оваа есен ние го славиме облекувањето за нас самите и пронаоѓањето на тие совршени парчиња како џинс и маици кои ќе направат да се чувствувате самоуверено и да бидете најавтентичната верзија на себе  - вели маркетинг директорот на  Gap Сет Фарбман.

Елизабет Мос

Џена Малон

Зосиа Мамет

2

Објавено:
20 август 2014
Категорија: 
Сцена