Ана Винтур одговори на предизвикот #ALSIceBucketChallenge

21 август 2014

Популарноста на хуманитарната акција #ALSIceBucketChallenge се чини дека достигна неверојатни размери. Идејата беше прифатена и подржана од голем број актери, спортисти, музичари и модели, меѓу кои Марта Стјуарт, Селена Гомез, Џастин Бибер, Леброн Џејмс, Коби Брајант, Тејлор Свифт, Џими Фалон , Опра, Џастин Тимберлејк, Лејди Гага, па дури и основачот на социјалната мрежа фејсбук Марк Цукенберг, но и и многу други. Вчера своја поддршка за одличната иницијатива даде и „челичната“ модна уредничка Ана Винтур која реши како и сите учесници во добротворниот проект да се потури со кофа мраз студена вода. Видеото се појави на интернет и за кратко време собра повеќе од 5000 лајкови.

„Јас Ана Винтур, заедно со мојата фамилија, го прифаќам предизвикот на мојата ќерка Би и ги предизвикувам Роџер Федерер и Доминик Вест да го прифатат #ALSIceBucketChallenge“, напиша 64 годишната американска уредничка над видео записот кој беше објавен на нејзината официјална страна на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук.

Во видеото Ана Винтур позира облечена беспрекорно како и секогаш со легендарната боб фризура, очила за сонце и цветен фустан со должина до под колена.

Објавено:
21 август 2014
Категорија: 
Актуел