Што носеа славните на трибините од „US Open“ 2013
•
11 септември 2013
Турнирите во тенис на „УС Опен“(US Open) во Њујорк се случуваат во исто време кога се одржува и модната недела. Овие две случувања се од важен карактер за познатите, а не ретко може да се забележат и такви што се појавуваат во иста облека, од ревија па директно на тенис. Познатата американска модна уредничка на Вог, Ана Винтур на трибините се појави во истиот принт фустан што го носеше и на ревијата на Викторија Бекам. Меѓу познатите кои го сакаат тенисот се: Миранда Кер, Ева Лонгорија, Џастин Тимберлејк и многу други што ќе ги видите од галеријата во продолжение.