Што е новото „нормално“ според Лагерфелд?

22 август 2014

Се чини дека петтото издание на CR Fashion Book ќе биде мошне „скокотливо“ и несекојдневно. Имено, Карл Лагерфелд ја имаше можноста да ја фотографира необичната евровизиска пејачка Кончита Вурст и бремената манекенка Ешли Гуд, која ја имаше честа, облечена во венчаница да ја затвори годинешната couture ревија на куќата Шанел.

Тие позираа пред фотообјективот на Карл Лагерфелд во модната приказна насловена „The New Normal“, која е комплетно создадена за да провоцира, но и да наметне нови стандарди за тоа што по дефиниција е „нормално“. Границите на толеранција се комплетно изместени, а токму тоа пак е главната причина која ја буди љубопитноста кај јавноста. Во новиот број на CR Fashion Book исто така се најде и ексклузивното интервју со победничката на Евровизија, во кое открива како всушност се роди ликот на Кончита Вурст.

 

Објавено:
22 август 2014
Категорија: 
Актуел