Колку и да не сакаме да размислуваме на таа тема, многу наскоро ќе завршат малкуте топли денови што ги имавме ова лето и ќе почне дождливата есен.
Она што прво ни паѓа напамет, е тоа дека токму во тој период потребна е целосна реорганизација на вашиот плакар, а под тоа мислиме и на вашата кутија за накит.
За некое време, ќе морате да се откажете од колоритните парчиња што толку ги обожувавте во текот на целото лето и што ги комбиниравте буквално со сѐ.
Во овој период на транзиција од летото кон есента, на сцената ќе настапат малку посмирени форми на накит во бои што на голема врата ќе и кажат добредојде на, за некого, омилената есен.
Парчињата што се како создадени за овој преоден период, најчесто се во прекрасната златна боја, која дефинитивно можете да ја комбинирате со било кое парче облека.
Веднаш зад златната доаѓа црната боја како една од најомилените за есен, но тука дефинитивно не ги изоставуваме парчињата накит и модни додатоци во малку посветли бои со кои ќе ги разиграме сивите денови што ни претстојат.
Но, воопшто не се разочарувајте! Кога зборуваме за летните парчиња облека пак, оваа есен сѐ е дозволено. Она што дефинитивно не треба да го спакувате се летните лежерни фустанчиња, бидејќи оваа есен истите ќе владеат и во септември во комбинација со најразлични тексас или кожени јакни, марами и ниски чизмички.
Истите во комбинација со накитот што ќе го најдете во нашата галерија, ќе бидат вашите најверни сојузници кога станува збор за стилот оваа есен.