Бидете гламурозни и кога одите во супермаркет – шик едиторијал на јапонски Вог!

4 септември 2014

Линдзи Виксон и Хана Габи Одел му покажаа на светот како треба да се облечете кога одите во шопинг по прехранбени производи. Прекрасните манекенки изгледаат неверојатно добро во неповторливите стајлинзи што ги направи единствената Ана Дело Русо за октомврискиот број на јапонски Вог.

Во едиторијалот, уредничката Ана Дело Русо на светот му ја прикажува гламурозната страна на купувањето намирници во комбинации од последните колекции на светските модни дизајнери.

Во истиот, ќе најдете одлични креации од DSquared2, Гарет Пју, Москино, Сен Лоран, Том Форд, Валентино, Прада и уште неколку други.

Се чини, маркетите станаа вистинска инспирација за модната индустрија. Откако Шанел за модното шоу за есен 2014 пистата во Париз ја претвори во огромен супермаркет низ кој прошетаа некои од најпознатите модели на денешницата во одличните креации од брендот, модната индустрија очигледно не може да се засити!

Фотографот на одличниот едиторијал за јапонски Вог е Џампаоло Сгура, а за шминката и фризурите на моделите се погрижија одличните Џесика Неџа и Ендру Гида.

Дел од едиторијалот е и прекрасната 56 – годишна Кетрин Лав која е една од најангажираните меѓу постарите модели во светот. Покрај нејзините две млади колешки, мора да признаеме дека таа изгледа неверојатно грациозно и софистицирано во црни креации и совршено урбани модни додатоци.

Во продолжение, погледнете го целосниот едиторијал за октомврискиот број на јапонски Вог кој е вистинско олицетворение на грациозноста и магијата со кои секоја жена треба да располага без разлика каде и да оди и да не си дозволи себеси да му подлегне на секојдневието!

Објавено:
4 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија