Првиот училишен ден не е возбудлив само за дечињата што тргнуваат на училиште, туку подеднакво доживување е и за нивните мајки. Покрај купувањето на тетратки, пенкала и секоја друга училишна опрема и нова облека за нивните дечиња, и мајките сакаат да си ги обноват своите есенски комбинации со кои ќе ги испраќаат децата на училиште.
Последното британско истражување на оваа тема покажа дека вкупно 64 проценти од тамошните мајки признале дека купиле нова облека за почетокот на училишната година, а дури 76 отсто закажале третмани за убавина.
Според истражувањето на Debenhaums, мајките најмногу купувале чизми, џемперчиња и палта, а некои од тамошните најпознати продавници забележале зголемен процент на продажба.
Овој тренд започна последниве неколку години со помош на познатите мајки како Ел Макферсон, Саманта Камерун и Сара Џесика Паркер, кои беа фотографирани заедно со нивните дечиња на првиот училишен ден во тренди стајлинзи, по што и почна овој феномен.
Она што особено е интересно е тоа што и светските блогерки го следат овој тренд, па кон почетокот на школските години тие многу често постираат инспирација за комбинации за младите мајки.
Останатиот процент од британските жени што учествувале во истражувањето, изјавиле дека новиот тренд воопшто не им се допаѓа со објаснување дека тој ден е најзначаен за нивните деца и целото внимание треба да им се посвети на нив.
Тоа не значи дека со оглед на тоа што тие се мајки, не се грижат за својот изглед, само што повеќе од вниманието сакаат да го насочат кон своите деца, а не кон дотерување за првиот училиштен ден. Многу од нив признале и дека барем еднаш во животот им се случило да ги однесат своите деца на училиште во домашни влечки или комбинација што наликува на нивните пижами.
Што мислите вие за овој тренд, дали и вие си купивте нова облека за првиот училишен ден на вашето дете?