Познатите за мајчинството

12 мај 2016

И покрај тоа што се познати и водат јавен живот, мајчинството во животот на популарните дами исто така претставува голем пресврт и промена, како и кај секоја друга жена.

Секоја од нив доживеала нови предизвици, ставови, љубов, но и стереотипи и предрасуди и совети од своите мајки.

Во продолжение прочитајте дел од искуствата на селебрити мајките:

 

„Двојните стандарди за сексуалноста и понатаму постојат. Мажите се слободни, жените не се. Тоа е лудост. Старите лекции за инфериорност нè направија нас жените жртви. Жените се многу повеќе од тоа. Тие можат да бидат деловни жени, мајки, уметници, феминистки – што и да посакаат – и да бидат сексуални битија. Тие работи меѓусебно не се исклучуваат“, Бијонсе

 

„Мајчинството ме напраави посамоуверена. Имав самодоверба и претходно, но созревањето и станувањето мајка ја зголемува самодовербата. Учите како да земате многу работи одеднаш и да направите да функционираат. Кога сте им потребни на децата, да бидете силни и да сте им заштита, природно ви доаѓа да бидете такви “, Хајди Клум.

 

„Луѓето постојано ме прашуваат како жонглирам со сè, односно како постигнувам. Ме прашуваат додека со погледот ме осудуваат и во себе мислат како не успевам да направам ништо како што треба. Мојот вообичаен одговор е дека ги имам истите проблеми како и било кој друг вработен родител и среќа да ја работа работата од соништата“, Тина Феј.

 

„Често ме прашуваат зошто ѝ дозволувам на ќерката Вилоу да ги менува фризурите. Ова е свет во кој жените константно потсетуваат дека тие не си припаѓаат себеси, нивните тела не им припаѓаат, тие немаат моќ да одлучуваат за себе. Ветив дека ќе ја охрабрам ќерка си сама да одлучува за своето тело, дух, мислење... Тоа што мојата ќерка прави што сака со својата коса, значи дека ниту едно девојче не треба да биде роб на несигурноста, желби или надеж на мајка си“, Џејда Пинкет Смит

 

„Мајчинството направи да почувствувам страв за првпат во мојот живот.  Влогот е голем. Мислев дека кога ќе се разбудам ќе знам точно што да правам и бев многу разочарана кога сфатив дека не знам“ – Лиса Кудроу

 

„Да се биде мајка ме натера да сфатам нешто што никој друг претходно не ти го кажува: Понекогаш е неверојатно досадно, но поголемиот дел од времето е прекрасно“, Фелисити Хафман

 

„Мајка ми беше во право кога ме тераше да го јадам зеленчукот. Сега, секој пат кога Вајолет не сака да си ги јаде оброците, си помислувам: „Мајка ми вложуваше многу напор, бидејќи само сакав да јадам путер од кикирики и седвичи“, Џенифер Гарнер.

 

„Ѝ благодарам на мајка ми што ме охрабруваше и учеше на култура. Нè носеше во опера, ги гледавме и сите андерграунд танцувачки групи. Сакаше да ни покаже дека светот е полн со можности и сега јас се трудам да го правам тоа. Но, она што можеби најмногу ме изненади за мајчинството, колку и да звучи сентиментално, е тоа колку си ги сакам децата. Не можам да верувам! Тоа е сосема нова димензија на емоции што никогаш не сум искусила“, Гвинет Палтроу.

 

-Мајка ми ме учеше да бидам горда на мојот изглед. На училиште имав проблем со мојот имиџ и мајка ми ми повторуваше дека мојот долг врат ја потсетува на оној на Иман и дека треба да го покажувам повеќе. Немам фотографии до мене од тоа време и мајка ми ми рече дека ќе зажалам поради тоа. И беше во право. Навистина жалам што немам спомен од тоа време. – Тајра Бенкс.

 

„Да се биде мајка е најтешката работа на светот. На многу начини чувствувам како децата доаѓаат на свет за да нè научат на многу работи“, Мараја Кери.

 

„Кога Валентина немаше ни месец дена, тетка ми ми го даде најдобриот совет: „Успивај ја секоја вечер. Пеј ѝ и нишај ја во рацете и седи покрај неа – секоја вечер! Затоа што, еден ден нема да имаш можност за тоа, а ќе се случи многу бргу“, Селма Хаек.

 

„Животот ми е навистина поинаков. Многу е подобар сега. Луѓе ми кажуваа да немам деца, но сметам дека мајчинството направи да не правам компромиси. Всушност, не сакам да бидам со никој друг освен со мојата ќерка“, Сиена Милер.

 

„Кога децата ќе дојдат дома, не секогаш сакаат да зборуваат со вас. Тие само сакаат да знаат дека сте тука, подготвени за разговор“, Мерил Стрип.

 

„Да си мајка понекогаш значи премногу чувство и потрага за вистинската одлука, за тоа што е приоритет. Секогаш се прашувам: „дали оваа одлука е во најдобар интерес за мојот син“ и тргнувам оттаму... Кога сте заедно, тоа е квалитетно поминато време, а кога сте на работа, присутни сте, но сепак работите и понекогаш чувствувате вина“, Миранда Кер

 

„Мојот инстинкт е да си ги заштитам децата од болка. Отсекогаш ми било тешко да се повлечам и да им дозволам на децата да искусат некое тешко искуство. Но и тоа е дела од градење карактер“, Никол Кидман.

 

„Се трудам да ѝ се јавам на мајка ми Бети редовно, затоа што си помислувам, „Што ако Хејзел не ми се јави две недели?“. Сега сум способна да го сфатам мајчинството и нејзиниот начин од различни агли“, Џулија Робертс.

 

Објавено:
12 мај 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.299 пати