Натали Морис е новата Кејт Мос?

29 јуни 2013

Натали Морис била забележана кога на сетот на снимањето во Лондон, фоторепортерите приметиле дека носи идентичен аутфит како Мос. Младата Британка е дел од модната агенција Signed to Storm,  која како заштитно лица ја има моментално најбараната манекенка во светот, Кара Делевињ.

Иако за сега нема богат бекграунд, сепак не е за потценување тоа што Натали има соработувано со Nike, House of 11 и Dream Girls. Исто така, таа ги истакна своите актерски способности во филмот „Good Luck Chuck“, телевизиските шоуаSmallville “и „Portlandia“, а се има појавено и во спотот на песнатаFinally Found Youод Енрике Инглезијас.

Морис во Кејт гледа модна икона и се надева дека ќе успее да стане успешна како неа на професионален план бидејќи приватно тотално се разликуваат. Мос обожава да се забавува до раните утрински часови, а Натали повеќе ја обожава домашната атмосфера.

Објавено:
29 јуни 2013
Категорија: 
Актуел