Разиграјте ја оваа есен со уникатни мали детали на вашата облека!

8 септември 2014

Кој спомена дека есента е здодевна сезона? Покрај тоа што токму сега се случуваат некои од најголемите светски модни шоуа и ревии во некои од најзначајните градови во светот, дизајнерите имаат огромна инспирација за создавање на нови колекции.

Една супер шик колекција на накит и уникатни брошеви, неодамна лансираше олимпијската шампионка во синхронизирано пливање Анџелика Тиманин во соработка со одличната Диана Жанел.

Прекрасната колекција накит е инспирирана од времето на Советскиот сојуз и истата е олицетворение на неверојатна уникатност и одлични бои со кои дефинитивно ќе ја разиграте сивата есен.

Секое парче од колекцијата наречена Soviet Memories потсетува на некој момент од тогашните времиња за што сме сигурни дека барем оние од малку постарата генерација ќе се потсетат.

Дел од колекцијата се и слатките мали обетки во неколку бои со ликот на добро познатите руски Матриошки, кои неодоливо потсетуваат на безгрижни денови од детството.

На некои од феноменалните значки што ги направија овие уникатни девојки, може да го забележите Јуриј Гагарин, Брежнев, Фаина Раневскаја и уште неколку други значајни личности.

Цените на уникатниот накит се навистина прилагодливи, а сите парчиња од одличната колекција можете да ги видите во продолжение во галеријата.

Објавено:
8 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци