Септемвриски лукбук на Масимо Дути

10 септември 2014

Како и претходно, така и сега Масимо Дути во машката колекција внесува доза на лежерност и софистицираност со нагласување на телесната конституција и моќност токму преку изборот на правилните парчиња облека. Во есенската колекција преовладуваат монохроматските нијанси, кожени детали, тесни фармерки со подвиткан додел дел, сакоа од кашмир, кожени јакни, кошули, блејзери, плетени шалови, впечатливи чанти и чевли до глужд.


Автентичен и апсолутен модерен изглед за секој маж кој ги следи новитетите во однос на трендовите. Масимо Дути нуди парчиња за сите припадници на посилната половина кои предност и даваат на спортската елеганција, тренд кој владее на улиците на светските метрополи.

Објавено:
10 септември 2014
Категорија: 
Колекции