Фустани со париски шарм во британски стил – апсолутен тренд за оваа сезона

11 септември 2014

Дами, дали сте подготвени за претстојната есен? Еве го нашиот предлог до вас: туники и кежуал фустани во различни должини, дезени, кроеви и бои.

 

За сите романтични принцези оваа зима идеални ќе бидат моделите фустани во А-крој со должина до над колена и три-четврт ракави. Ако ве плени парискиот шарм тогаш овие модели на фустани носете ги преку ден, но ако повеќе ве инспирира британскиот стил, тогаш без двоумење комбинирајте ги за некоја вечерна забава.

French Connection French Connection

За постудените денови и за што полежерен и урбан изглед, модните брендови за претстојната сезона ги одбраа туниките како идеално парче кое не само што ќе ве стопли, туку ќе му даде и една по малку спортска конотација на вашиот изглед. Особен акцент дизајнерските тимови ставаат на плетените туники со високи јаки.

Wondaland Wondaland

Не смеат да изостанат и поелегантните дизајни кои имаат софистициран крој и отмена линија. Мошне атрактивни за следнава сезона ќе бидат оние модели со едно рамо, декорација од карнери и нагласена половина. Во комбинација со чевли на потпетица и мала клач-чанта ќе изгледате навистина специјално, секси и заводливо.

Клое Клое

Зелено светло оваа сезона им се препушта на принтовите, дезените и апликациите. Доколку преферирате игри на форми и бои тогаш задолжително набавете си модно парче со принт. Погледнете ја галеријата од модели и селектирајте ги вашите омилени.

Објавено:
11 септември 2014
Категорија: 
Тренд