Нов маникир тренд

13 септември 2014

Доколку во летниот период експериментиравте во однос на јаките нијанси, есенската, па и зимска сезона секогаш наметнуваат посмирени тонови, но овој пат со интересни модни детали. Оваа сезона уметноста во однос на маникирот нуди комбинација на златна и црвена нијанса, препознатливиот металик ефект, црни точки, како и сини линии, кои делумно даваат впечаток на морнарски ефект. Оваа есен избегнете ја вообичаената рутина и внесете свежина во однос на изгледот на ноктите.

Објавено:
13 септември 2014
Категорија: 
Убавина