Уникатен надреалистичен едиторијал на шведскиот бренд NK

17 септември 2014

Шведската стоковна куќа NK е дефинитивно најозборуваната во последно време кога станува збор за едиторијалите. Тимот на брендот направи неверојатен, тотално нереален и фасцинантен едиторијал за есенската кампања за 2014 – та година.

Едиторијалот го фотографираше  Бо Марион, а дел од истиот се моделите Леони Холер и Виго Јохансон.

Сцените се движат од сосема романтични па сѐ до акциони моменти со главните актери зачинети со моменти од природата, како птиците на една фотографија.

Тимот од креативната маркетинг агенција Гарбегс од Стокхолм, имаше една од главните улоги во овој едиторијал, а како што и самите можете да забележите, резултатот е фасцинантен.

Стилистот на моделите е Ема Торстранд, за косата се погрижи Дејан Чекановиќ, а за шминката Игнасио Алонсо.

Објавено:
17 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија