Направи сам: чекорете во чизми дотерани со накит

23 септември 2014

Доколку сте расположени за експерименти, а ви се случува и често да одвоите време за трансформација на некое парче облека или аксесоари, тогаш сигурно ќе ви се допадне рецептот да ги измените вашите есенски чизмички и да им дадете рокерски-бохо шмек. Идејата од продолжение ја позајмивме од странски моден портал од чие видео ќе ја погледнете постапката односно техниката како да промените некој модел од оние до глужд.

Ќе ви биде потребано малку време, клешти за накит, спојувалки и неколку синџирчиња во различни нијанси, а изборот на истите може да биде по ваш вкус. Дури постои варијанта и веќе постоечки ѓердан или алка директно да ги поставите на чизмите доколку нивната должина одговара. Пробајте!

Објавено:
23 септември 2014
Категорија: 
Направи сам