Модерни близначиња кои ќе ве освојат од прва!

30 септември 2014

Уредниците на HuffPost Style трагајќи по модни новости и лица, на Инстаграм наидоа на мини трендсетерите „М“ и „Д“ кои благодарение на компатибилноста во однос на облекувањето и изборот на модни додатоци, инстантно ги освојуваат симпатиите.

Уникатниот и впечатлив стил на малите близначиња придонесе тие да станат ѕвезди преку ноќ, а ние не се сомневаме дека наскоро ќе завршат на насловна страна на некој моден магазин, а можеби и во првите редови на ревиите, седејќи до познати модни уредници и трендсетери.

Објавено:
30 септември 2014
Категорија: 
Сцена