Гламурозна презентација на „Орбико“ за новите мирисни ноти на Трусарди и Живанши

1 октомври 2014

Во одличен амбиент, во кругот на своите пријатели и соработници, групацијата „Орбико“ ги презентираше двете нови мирисни ноти на брендовите,  Трусарди „My Name“ и на Живанши „Dahlia Divin“.

Новиот парфем на Живанши е наменет за сите модерни божици, а свежата цветно дрвенеста парфемска вода нуди слатки ноти од класичен бел букет цвеќе, а во базата на парфемот се чувствува дрвенестиот момент.  Легендата за раѓањето на парфемот раскажува дека во срцето на Париз се наоѓал апартманот на Haussmann, а во него мистериозна дрвена музичка кутија во која се наоѓала модерната божица, која зрачела  со својата уникатност и златни нишки. Таа се буди од сон со звукот на музиката и тоа во раскошен фустан од прекрасни материјали, направен од модната куќа.

„Си останавме доследни на традицијата и извадивме нова линија на парфемот со наслов „Dahlia Divin“. Овој пат извадиме нешто во златна суптилна нијанса, односно Живанши креираше парфем за модерна божица, а како заштитно лице на парфемот е Алиша Кис, чиј талент, убавина и успеси, како и хуманитарните дела, се причини поради кои таа е дел од модната куќа Живанши. Парфемот го препорачувам за дами кои се постојано во движење, односно за сите урбани девојки“. – изјави бренџ менаџерот за Живанши, Весна Бунтески.

Алхемијата на Трусарди ја прикажува идеалната жена, изненадува со дискреција, го открива своето значење, креира вистинска мистерија без трикови или измама, но со наследство, споособност и сурови материјали. Дизајнот на новата мирисна нота на Трусарди „My Name“ е инспириран од суштината на феминизмот и визуелна интерпретација на женската заводничка аура. Содржината на парфемот се хелиотропни цветови и свеж мошус, комбинирано со свежи ноти кои создаваат зависност. Тоа што е карактеристично за „My Name“ е дизајнот, односно капачето, кое само по себе мириса, па по истрошување на парфемот, истото може да се стави во гардероберот, за свежата нота да се пренесе на парчињата облека. Заштитно лице на парфемот е Гаја Трусарди, познат италијански моден дизајнер

„Вечерва се собравме да го промовираме новиот парфем на Трусарди „My Name“. Самиот парфем ја претставува женската заводничка аура. Знаеме дека секоја жена е заводлива, ова е само еден детаљ, за да може да се долови целосната слика. Трусарди за прв пат се јавува кај нас на пазарот, односно за прв пат Орбико се јавува како дистрибутер на Трусарди. Застапени сме во сите парфимерии во Скопје и низ Македонија.  Иако Трусарди има повеќе мирисни ноти, во светски рамки новитет е токму „My Name“, па решиме и ние да бидеме во тек со трендовите. За нова година очекуваме ексклузивни сетови од парфемите, а за пролет ќе има и други новитети“ - изјави Елена Петкова, бренд менаџер за Трусарди.

Покрај презентацијата на новите мирисни ноти, групацијата Орбико најавува екслузивни сетови за Нова Година, како и нови промоции и соработки за пролет, а во продолжение погледнете дел од атмосферата на вчерашната гламурозна коктел забава.

Објавено:
1 октомври 2014
Категорија: 
Актуел