Питер Копинг заминува од функцијата креативен директор на Нина Ричи

3 октомври 2014

Претставници од секторот за односи со јавност во модната куќа Нина Ричи официјално ја потврдија веста дека Питер Копинг ја напушта функцијата креативен директор. Тие изјавија дека неговиот наследник за многу краток временски период ќе и биде соопштен на јавноста.

Питер Копинг Питер Копинг

Пред само неколку дена претставници од брендот Карвен го најавија заминувањето на Гијом Хенри од функцијата креативен директор, кој според шпекулациите ќе го заземе местото на Копинг во Нина Ричи. Според други информации на големо се шпекулира дека Копинг ќе замине да работи во модната куќа Оскар де ла Рента. Сепак овие информации не сè уште потврдени, па затоа како ќе се одвиваат работите со овие можни трансфери ќе треба да почекаме и да видиме.

Денес на официјалниот прес за медиумите модната куќа на Нина Ричи реши да ги обелодени причините за заминувањето на Питер Копинг од функцијата креативен директор. Наводно, тоа бил тајниот „сојуз“ кој Копинг го склучил со модната куќа на Оскар де ла Рента, од каде сè уште не излегуваат со официјално соопштение за тоа дали Копинг е новиот креативен директор или не. Едно е сигурно дека и Гијом Хенри и Питер Копинг ги напуштаат своите работни места.

Нина Ричи дел од ревијата пролет-лето 2015 Нина Ричи дел од ревијата пролет-лето 2015

Ралф Толедано кој е претседател на „Puig“, во чија сопственост е модната куќа Нина Ричи му се заблагодари на Копинг за досегашната соработка.

„Имав навистина големо задоволство да работам со Копинг, навистина му благодарам“, рече Толедано.

На тоа и Копинг не ги штедеше убавите зборови и се надоврза на изјавата на Ралф Толедано.

„Сакам да ја искажам мојата благодарност кон г-динот Толедано за укажаната можност пет години да раководам со брендот на Нина Ричи и со тоа да станам дел од модната историја на куќата“, рече Питер Копинг.

 

 

 

 

Објавено:
3 октомври 2014
Категорија: 
Актуел