Пристигнува „Викиликс“ мода

17 октомври 2014

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ќе лансира своја колекција за облека. Асанж моментално работи на колекција маички, дуксери, часовници и канцелариски материјал на кои секако ќе се наоѓа неговиот лик, но и ликот на Че Гевара, како и такви со слогани „Leaks exposing injustice“ и „Enemy of the state“. Линијата е соработка со индиска компанија „Ftansiz India“. Пред извесен период, Асанж требаше да се појави како модел на ревијата на дизајнерот Бен Вествуд во Лондон, но тоа го откажа поради „лошото здравје“.

Во секој случај, Џулијан Асанж не е некој познат по својот неверојатен стил, ниту пак некогаш соработувал со модни брендови во минатото. Како ќе се снајде во оваа улога останува да видиме. Колку за потсетување, тој го основаше Викиликс во 2006 година, а веќе во 2010 се најде на мета на многумина поради објавувањето доверливи воени и дипломатски документи.

 

 

Објавено:
17 октомври 2014
Категорија: 
Актуел