Јелена Розга со безрезервна поддршка на хрватските дизајнери

17 октомври 2014

Хрватската модна недела е во полн ек, а на презентациите на тамошните домашни дизајнери во публиката може да се видат поголем број  познати личности кои со своето присуство ја даваат поддршката на домашната мода. Една од нив е пејачката Јелена Розга која на третата вечер од настанот  присуствуваше како гостинка, а се појави облечена во парче од хрватската дизајнерка Анамарија Асановиќ.

 

Романтичниот фустан во нежна пастелна нијанса таа го комбинираше со црни детали за ефектот да биде уште повпечатлив. Со ременот на H&M таа ја нагласи половината, а за обувки ги избра оние со потписот на Gianvito Rossi во црно-беж колор блок. Како голема вљубеничка во реномираните брендови не можеше да не го заокружи изгледот со кожената клач чанта на Сен Лоран. Секако, сензуалноста не би била во фокус без црвениот кармин од нејзините усни.

 

Објавено:
17 октомври 2014
Категорија: 
Сцена