Сите што ја следат кариерата на хрватската пејачка Јелена Розга, како и нејзината фан-страна од социјалната мрежа Фејсбук, добро знаат дека Розга од својот стил преферира максимален сексапил преку ултра- кратки фустани и здолништа од кои ги истакнува своите атрибути.
Овој пат, за потребите на хрватски моден блог кој третира улична мода, таа се фотографираше за едиторијал каде носи креации со потписот на италијанскиот бренд Лиу Џо, за кој воедно е заштитно лице.
Атрактивната русокоса позира во дневни комбинации кои во официјалната кампања на брендот ги носи правнуката на Ернест Хемингвеј, Дри.
Посебно ги издвојуваме ретро комбинациите, како џинс ѕвонарките во комбинација со цветната кошула. Јелена исто така ги обожава високите потпетици, но сега предност им даде и на моторџиските чизми споени со кожени кратки панталони, кежуал памучна маичка и раскопчана тексасна кошула.
Тука è и стајлингот со плисираното здолниште комбинирано со бела маичка со испишани букви на Лиу Џо.
Инаку, едиторијалот го потпишуваат хрватските фотографи Јелена Балиќ и Горан Чизмешија.