Италијанскиот бренд Liu Jo при изборот на заштитни лица посебно внимание посветува тие да бидат личности кои во себе го отелотворуваат префинетиот женствен дух на брендот. Во Хрватска, честа да се најде во фокусот на фотографската рамка и припадна на Јелена Розга, која втора година по ред е главната хероина во промотивните фотографии. Оваа музичка дива со својот став и умешност во позирањето докажа дека може да се мери со светски познатите топ модели.
Фотосесијата се сликаше низ познатите загребски локации, што ги одбра искусниот моден фотограф Горан Чижмешија, кој покрај стандардните фотографии направени во студио, ја искористи приликата да направи и неколку фотографии во уличен стил инспириран од последниот хит на пејачката „Вкус на ментол“.
За шминката на Јелена заслужен е Саша Јокобиќ, а за фризурата се погрижи тимот од загребскиот салон Опиум. Пејачката носеше парчиња облека и модни додатоци од најновата колекција за сезоната пролет-лето на брендот. Кежуал изгледите, тренди парчињата и префинетите вечерни комбинации беа само дел од модната плејада на модни визии кои ги нуди етикетата за актуелната сезона.
Колекцијата за пролет-лето 2014, со потписот на Liu Jo остава впечаток на софистицирано практичен изглед, идеален за модерната жена која истовремено е романтична и свесна за својата привлечност, со особен акцент на слободниот нескротлив дух што е неизбежна инстанта во креирањето на модниот склоп.
Елегантниот и совршено урамнотежениот стил почива на автентичноста создадена од извонредниот микс на бои и внимателниот избор на детали.