Стилските жени во панк музиката

27 октомври 2014

Изминатиот викенд помина во знакот на панк музиката, со оглед на тоа што 25 – ти октомври е прогласен за светски ден на панкот. Со таа цел, би сакале заеднички да се потсетиме на некои од највлијателните жени во панк музиката, кои покрај тоа што биле фасцинантни како музичарки, тие имале и сосема уникатен стил!

Во продолжение, погледнете ги овие 10 иконски фотографии на највлијателните жени во панк музиката низ годините и инспирирајте се за вашата тренди бунтовничка комбинација.

1.Patti Smith

hbz-punk-icons-Patti-Smith-lg

Таа е една од најуникатните девојки со неверојатно влијание во панк музиката. Патриша Ли „Пати“ Смит е американска пејачка - текстописец, поет и фантастичен изведувач која стана најпозната во Њујорк по нејзиниот деби албум од 1975 – тата година „Horses“.

2.Ari Up

hbz-punk-icons-Ari-Up-lg

Ариана Даниела Форстер, или позната по нејзиното сценско име како Ari Up, беше позната како една од најуникатните вокалисти со потекло од Германија, која беше дел од англискиот рок бенд The Slits. Дефинитивно најпозната беше по нејзината фризура и секогаш ексцентрична шминка и облека.

3.Debbie Harry – Blondie

hbz-punk-icons-Debbie-Harry-lg

Дебора Ен „Деби“ Хари е американска пејачка – текстописец, најпозната по нејзиниот вокал како дел од еден од најдобрите панк рок бендови Блонди.

4. Exene Cervenka

hbz-punk-icons-Exene-Cervenka-lg

Фантастичната американска пејачка, артистка и поет, е дефинитивно една од најенергичните панк пејачки со извонреден стил што го негуваше како дел од бендот X!

5.Joan Jett

hbz-punk-icons-Joan-Jett-lg

Џоан Мари Ларкин или попозната како Џоан Џет е американска рок гитаристка, пејачка и текстописец најпозната по нејзината работа како дел од бендот Joan Jett & the Blackhearts. Она по што таа остана запаметена во панк историјата е фамозната песна I Love Rock ‘n’ Roll која во 1982 година беше на местото број еден на Билборд топ листата.

6.Kathleen Hanna

hbz-punk-icons-Kathleen-Hanna-lg

Кетлин Хана е американска музичарка, феминистка и панк изведувачка. Во раните 90 – ти, таа беше на чело на феминистичкиот панк бенд Bikini Kill, пред да се префрли во Le Tigre каде остана некаде до 2000 – тата.

7.Poly Styrene

hbz-punk-icons-Poly-Styrene-lg

Мариан Џоан Елиот Сед, или попозната по нејзиното сценско име Поли Стајрин, беше позната како британска музичарка, пејачка, текстописец и лидер на панк рок бендот X – Ray Spex.

8. Siouxsie Sioux

hbz-punk-icons-Siouxsie-Sioux-lg

Контроверзната Siouxsie Sioux е англиска пејачка – текстописец, која светот најдобро ја знае по нејзината фантастична работа во рок бендот Siouxsie and the Banshees и нејзиниот самостоен проект The Creatures.

9. Theo Kogan

hbz-punk-icons-Theo-Kogan-lg

Прекрасната Тео Коган е американска пејачка, актерка и модел позната по нејзината шармантна широка насмевка. Таа е најдобро позната по нејзината работа како вокалист во панк бендот Lunachicks. Во моментов, таа е дел од бендот Theo & the Skyscrapers.

10.Wendy Orlean Williams 

hbz-punk-icons-Wendi-O-Williams-lg

Контроверзната Wendy O.Williams имаше успешна кариера како дел од бендот Plasmatics, но и како соло артист. Она по што беше особено позната беа нејзините театрални и често контроверзни настапи на сцената на кои често се појавуваше гола.

Објавено:
27 октомври 2014
Категорија: 
Сцена