Прекрасната Нина Бадриќ во креации на Матија Вуица

28 октомври 2014

Како многу дами од шоу бизнисот, така и Нина Бадриќ за своите јавни појавувања на црвените килими одбира да носи креации од Матија Вуица. По повод снимање на нов моден едиторијал, поп пејачката го посети нејзиното атеље и одбра неколку гламурозни фустани на кои акцентот е ставен токму на длабокото деколте. Креациите се тотално контрадикторни во однос на нијансите. Едниот е во пастелно розова боја, а другиот во кралска сина.

Едиторијалот прво беше објавен на фан страната на Нина Бадриќ на Фејсбук, а фановите беа воодушевени од фотографиите, кои беа направени како прослава за успехот на последната нејзина песна „Vjetrenjače". Фотографиите ги потпишува Андреј Дамјановиќ, шминката е дело на Сашо Јоковиќ , а фризурата ја стилизираше Мијо Мајхен.

Објавено:
28 октомври 2014
Категорија: 
Сцена