„Озборувачката“ Лејтон Мистер се враќа на сцената со нов албум и одлични новости!

29 октомври 2014

Познатата „озборувачка“ Лејтон Мистер конечно се врати на насловните страници на магазините, но овој пат во сосема зрела и поинаква димензија во која досега не сме ја виделе.

Покрај тоа што изгледа фантастично во младешките парчиња што само за неа ги одбра стилистот Шон Најт, таа во интервјуто за магазинот Nylon говори за нејзините планови многу наскоро да стане мајка.

Во моментов, покрај тоа што прекрасната Лејтон е актуелна со нејзините постојани ангажмани во претставите на Бродвеј, таа конечно го издаде и долгоочекуваниот албум едноставно наречен „Heartstrings“.

Албумот, на нејзините обожаватели им нуди една поинаква Лејтон, неверојатно талентирана кога е музиката во прашање, со фантастични песни преку кои може да уживаме во нејзиниот шармантен глас.

Како што и самата ќе каже, одличниот филм Country Strong во која таа глуми пејачка, и го овозможил она парче храброст што и недостасувало за да почне да се занимава со музика.

„Конечно, по толку време, можев да ги најдам вистинските зборови за песните, вистинското чувство што ми требаше, мелодијата што ми недостасуваше и преку која на сите им го прикажав мојот глас во вистинско светло“, вели Лејтон по повод нејзиниот албум.

Во интервјуто за магазинот, актерката говори и за бракот со шармантниот Адам Броди со кој се венчаше тајно во февруари годинава.

„Повеќето луѓе што ги знам и што се околу мене се венчаваат. Некако нормално следи дека децата се следниот чекор“, вели актерката во интервјуто, додавајќи дека засега ужива во својот дом и нејзините кучиња.

Доколку сѐ уште немавте можност да го преслушате нејзиниот одличен и посебен " target="_blank">албум, сега е вистинското време за тоа!

Објавено:
29 октомври 2014
Категорија: 
Сцена