Погледнете ги најлошите стајлинзи за октомври

1 ноември 2014

Досега повеќе пати сме пишувале за личностите што се истакнаа месецов со добриот стајлинг. Во продолжение ќе ви го свртиме вниманието повторно кон оние што се истакнаа, но не на толку добар начин.

Во продолжение погледнете ја листата на најлошо облечените за месец октомври:

Амбер Роуз Амбер Роуз

Амбер Роуз има комбинација што ги истакнува нејзините недостатоци. Очилата за сонце пак, се посебна приказна. Со нив изгледа како штотуку да излегла од некој вселенски брод.

Ана Лили Амирпур Ана Лили Амирпур

Бајкерски чизми и чорапи до листови? Тоа никако не може да биде добра комбинација, а особено не на црвен килим!

Бела Трон Бела Трон

Тиркизниот сатен и црните балетанки воопшто не се усогласени со убавината и стилот на Бела.

Даниел Армстронг Даниел Армстронг

Од каде да се почне? Чевлите, кусиот, минимален топ? Можеби дел од парчињата како крзнениот елек или шарените панталони и не се толку лоши сами по себе, но во ваква комбинација нивната добра страна не се гледа.

Кејт Мос Кејт Мос

Комбинација на толку розови бои никако не може да биде добра. Сатенски панталони во пиџама стил, но не на добар начин, во комбинација со црната ролка, кусата јакна и пердувите околу вратот на Кејт Мос, прават таа да изгледа натоварено. Моделката едноставно се губи во оваа комбинација, која ја комплетира со отворени сандали.

Лејди Гага Лејди Гага

И покрај неколкуте стајлинзи за пофалба, пејачката изгледа повторно се враќа на Гага-изгледот. Оваа комбинација инспирирана од Мерилин Монро не е многу успешна. Но, тоа е Лејди Гага.

Парис Хилтон Парис Хилтон

Хипи изгледот е секако во мода. Но, и покрај тоа што се работи за Парис Хилтон, доминацијата на розвовата боја е преголема, што автоматски овој стајлинг го става во негативната листа.

Мараја Кери Мараја Кери

На Мараја Кери изгледа и' се допаѓа стилот на Лејди Гага. Нема потреба да се објаснува зошто оваа комбинација се најде во изборот на најлоши. Една слика-1000 зборови.

Пета Мургатројд Пита Мургатројд

Пита Мургатројд има одлични стомачни мускули, но не и одличен топ во оваа комбинација. Кусиот топ како посебно парче би можел да помине, но не и со сечените ракави, што потсетуваат на хеклани миленца.

Рита Ора Рита Ора

1970-тите се повторно во мода, дефинитивно. Но, Рита Ора изгледа како да заборавила на точните мерки. Капутот е одличен, но не и предолгите панталони, со кои веруваме ги исчистила улиците.

Објавено:
1 ноември 2014
Категорија: 
Сцена