Висока мода: Жан Пол Готје есен 2013

4 јули 2013

Жената како предатор е основната тематика која ја води новата колекција на Жан Пол Готје претставена на Неделата на висока мода во Париз. Животинските принтови од големите диви мачки доминираат речиси кај секое парче: од крзнените шалови до дезенираните хулахопки. Издадените џебови и нагласените меки  волуменозни ракави изработени од сунѓерести материјали  и даваат специфична нота на колекцијата, но комплетната слика која ја создаваат е далеку од најсветлите моменети на Готје. Некогаш возбудуваше помислата на фасцинантните изненадувања од Готје, но дали таа импресивност останува само за “некогаш”?

 

 

Објавено:
4 јули 2013
Категорија: 
Колекции