Рускиот балетан Сергеј Полунин во кампања на Марк Џејкобс
•
5 ноември 2014
Сергеј Полунин е ѕвезда во новата кампања на Марк Џејкобс за машката линија на облека. Фотографиите се дело на Дејвид Симс, а како успешен стилист кој успеа да го трансформира познатиот руски балетан во рок ѕвезда, се потпишува Кејти Гранд. Ентериерот целосно се вклопува со основната идеја на рекламната кампања, а дополнително до ефект доаѓаат деталите, како што се разните модели на очила и чантата.
Ова не е прва модна соработка за Сергеј кој претходно беше ѕвезда во видеото за Dior Homme, а беше дел и од страниците на Вог, ID и други магазини.