Изберете ја најдобрата верзија на кожено здолниште во боја на црвено вино

7 ноември 2014

Речиси и да не постои припадничка на понежниот пол што би го заобиколила коженето здолниште. Тоа е така бидејќи брендовите  нудат плејада од  модели што одговараат на разни вкусови и телесни конституции.

Моменталните понуди од полиците во продавниците вклучуваат мини и миди варијанти, такви во А и молив крој, како и популарнате глок форми и на преклоп. Токму широкиот избор ги прави посакувани од различни профили на жени и девојки.

Изминатата топла сезона беа идеални за вечерните изгледи, а со доаѓањето на есента истите  најдоа поголема примена како од дневните така и од вечерните изгледи. Трендот перманентно се провлекува од лани, а иако се универзално обожавани, на секоја комбинација и вдахнуваат индивидуалност.

Моделите во боја на црвено вино имаа доминантна улога од колекциите на светските брендови и комерцијалните етикети за есен-зима 2014/15 година. Шик-елегантните здолништа во темно црвена нијанса се одлични во комбинација со сиви и тегет тонови,интензивна жолта, но перфектен контраст создаваат и со палетата на пастелните нијанси. Кое е Вашето омилено?

Објавено:
7 ноември 2014
Категорија: 
Тренд