Големата преселба на Вог предизвика силни емоции во модниот свет

8 ноември 2014

Пред неколку години издавачкиот тим на Вог ги објави плановите  за голема преселба од нивната долгогодишна локација на Тајмс Сквер во Њујорк, во Светскиот трговски центар.

Овие денови, конечно тоа и се случи. И додека кај сите останати преселбата изгледа тотално хаотично, кај редакцијата на Вог тоа е и повеќе од симпатично. По кој знае кој пат, магазинот докажа дека е вистинска модна библија и дека сѐ што прави е со  стил!

Неколку модели облечени во стилски креации им помагаа на уредниците и вработените во магазинот, преселбата да изгледа уште поинтересна.

Особено стилски момент беше оној кога на нивниот Инстаграм профил беше објавена фотографија од уредничката Ема Елвик Бејтс, на која јасно се гледаа неколку светло портокалови кутии за селење, преполни со „богатство“ од Ермес!

Ниту светските модели кои се емотивно поврзани со магазинот, не останаа должни, па на нивните профили на Инстаграм објавија фотографии од најдрагите  моменти поминати во канцеларијата на Вог.

Една од нив беше и Карли Клос која објави фотографија направена за време на селењето под која напиша:

„Мојата последна посета на оваа канцеларија на Вог пред нивната преселба. Изминатите седум години, тука ми се случија некои од најубавите спомени во животот и во мојата кариера. Ќе ми недостасува овој простор“, напиша Карли на нејзиниот профил.

Во продолжение, погледнете како изгледа  преселбата  на најпознатиот моден магазин во светот!

Објавено:
8 ноември 2014
Категорија: 
Актуел