Каде во Италија не смеете да носите бикини?

4 јули 2013

Строгите правила околу облекувањето на жените не постои само во Саудиска Арабија. Тешко е да поверувате, но во едно италијанско гратче Виетри Сул Маре е строго забрането носење бикини било каде низ градот освен на плажа, а прекршокот се плаќа со 500 евра.

Строгата забрана ја донесе градоначалникот Франко Бенинкаса, кој смета дека на тој начин ќе се зачува достоинството на градот. Забраната за носење бикини и одење без маица, првобитно е донесена во 2010 година, но градоначалникот Франко дури сега одлучи да ги спроведе скапите казни на дело.  Меѓутоа, градот Виетри Сул маре не е единствениот каде е донесена ваква забрана, во градот Кастеламаре ди Стабиа важат слични правила, па така на јавни места во градот е забрането носење оскудна облека, пцуење и играње фудбал низ улиците.

Објавено:
4 јули 2013
Категорија: 
Актуел