Настанот беше организиран во Музејот за современа уметност „Метрополитен“ во Њујок, а Ана Винтур дискусијата ја започна токму за изборот на Ким Кардашијан и Канје Вест за насловната страна на Вог, свесна дека тоа предизвика различни реакции и полемики во јавноста. Таа го карактеризираше познатиот пар како луѓе кои не се отмени и угледни, но дека сепак и тоа како се присутни во шоубизнисот и модната индустрија.
„Вог го рефлектира тоа што се случува во културата и во општеството. Првата ѕвезда која ја ставив на насловна страна беше Мадона, кој во тоа време се сметаше за контроверзна личност. Тоа беше одамна и луѓето заборавија колку се пишуваше за неа во магазините. Доколку останеме во границите на добриот вкус и на коверот ставаме само индивидуи кои се за пример, тогаш ќе станеме досаден магазин. Никој не би зборувал за Вог, а тоа нас ни е пресудно во работата“ – изјавила Винтур.
Останува отворено прашањето, дали се работи за принципи, маркетинг, влијание или нешто сосема четврто. Винтур го даде својот одговор.