Беверли Хилс ќе го награди Барбери

20 ноември 2014

Оваа награда започна да се доделува во 2003 година, со цел да се одаде чест на индивидуите и брендовите кои дале свој придонес во модниот свет, во сферата на дизајнот и костимите, информира In Style. Претходно оваа награда ја имаат добиено Џорџо Армани, Том Форд, Џани и Донатела Версаче, Маноло Бланик и најреномираниот моден фотограф Марио Тестино, кој оваа година наградата ќе му ја додели на Кристофер Бејли, креативниот директор на Барбери.

Слично на булеварот на славните во Холивуд, Беверли Хилс поставува плочи на „Улицата на стилот Родео Драјв“, која е всушност една од најдобрите шопинг дестинации. На плочата ќе има потпис од основачот на модниот бренд, Томас Барбери и неговото мото – „Заштити, Истражувај и Инспипирај“. Наградата за Барбери доаѓа во перфектно време и се поклопува со отворањето на луксузен бутик на Родео Драјв.

Објавено:
20 ноември 2014
Категорија: 
Актуел