Уникатни венчаници инспирирани од 20-тите

22 ноември 2014

Неповторливите 1920 – ти години минале целосно во знакот на гламурозните и раскошни „Гетсби“ забави по кои и најмногу се памети тој период.

Покрај тоа што тогашните девојки уживале во лудите забави, тие вистински знаеле и како да ги одберат парчињата со кои ќе остават голем впечаток.

Поттикнати од претесните корсети и волуменозните здолништа, девојките во тој период почнале сосема да ја менуваат модата носејќи лесни и лелеави украсени фустани.

Доколку и вие сте вљубеничка токму во тој период, денеска ви презентираме неколку поинакви венчаници инспирирани токму од 1920 – тите.

Токму со овие фустани, ќе се издвоите од толпата девојки вљубени во оние едноставни венчаници без прерамки што речиси секогаш се сигурен избор.

Доколку ви се ближи венчавката, преземете малку ризик и бидете сосема поинаква и уникатна.

Она што е дополнителен бонус за вас, е тоа што веднаш по венчавката истиот можете да го скратите или дополнително да го украсите и тој да биде вашиот совршен избор за незаборавна забава!

Објавено:
22 ноември 2014
Категорија: 
Бела соба