Еве неколку летни парфеми од најновите колекции на креаторите. Сигурно ќе си најдете фаворит.
Roberto Cavalli – Acqua
Италијанскиот дизајнер Роберто Кавали низ своите креации сака да реинтерпретира елементи на џунгла, па затоа не изненадува фактот што на амбалажата на овој парфем се најде место за зебра-принт. Acqua е наследник на минатогодишниот Eau de Parfum, а инспириран е од возбудливите ноќи на Медитеранот, претставени преку јасмин, цитрус и лилјани со впечатлива доза на мошус. Овој парфем остава впечаток на свежина и чистота што многумина и го бараат при изборот на летните парфеми.
Lanvin - "Me"
Модната куќа Ланвин во пролет 2013 го лансираше мирисот кој во себе носи нота на сензуалност и самоувереност, што се прикажува и преку самото име на парфемот. Доминантната нота на роза, освежена со боровница и сандалово дрво го прави идеален за дневна употреба со доза на елеганција.
Bvlgari Omnia Coral
Коралите се материјал од кој се прави прекрасен накит, но оваа куќа одлучи деликатноста и сјајот на коралите да го преточат во парфем. Романтичен и женствен, во вас ќе разбуди желба за опуштање. Во тоа ќе ви помогнат црвените бобици, шипка и лотус.
Emporio Armani - Diamonds Summer Edition
Првобитната верзија на парфемот е лансирана во 2007 година и од тогаш во кампањата на овој производ се најдо голем број познати ѕвезди како Бијонсе и Џош Хартнет, а за ова лето, претставено е ново издание, во тиркизно шишенце, кое потсетува на лед. Парфемот се отвора со малина која подоцна нежно ги открива слоевите на јаболка, дрвенестите ноти и мошус.
Givenchy Dahlia Noir L'Eau
Овој парфем е лансиран во 2011 година и се одликува со пудреста структура која знае да биде и тешка за летна употреба, Но, Dahila Noir ќе ги задоволи љубителите на оригиналната верзија кои не можеа да ѝ оддолеат во летните денови. Цитрустите, розата и пачули го направија полесен, но препознатливоста на оригиналната верзија е задржана.
Prada Candy L'Eau
Прада за ова лето подготви вистинско освежување. Мирисот на карамела можеше да се почувствува и во изворниот Candy, но оваа е дополнета со цитруси и цвет од сладок грашок. Овој парфем ја претставува шармантната страна на жените, што сакаат да се чувствуваат млади.
Marc Jacobs – Dot
При креирањето на парфемот, Марк Џејкобс посебно внимание им посветува на шишенцата, па така е и за овој. Пописот на состојки на овој парфем е мошне интересен. Се состои од црвени бобинки, питаја, цвет од орлов нокт, јасмин и малку кокосова вода и ванила. Оваа комбинација дава тропско чувство, за кое ќе посегне помладата популација.
Stella McCartney Summer
Лимитираната едиција на овој парфем е составена од цветни ноти што ќе ги освежат врелите летни вечери. Лимон, роза, зелено јаболко и божур се вистинска комбинација за оваа сезона.
Burberry Body Tender
Помладиот брат на феноменалниот Burberry Body освојува со тоновите на лимон, јаболка, праска, јасмин и сандаловина. Ако сте во потрага за свеж и младешки мирис, кој зад себе остава лесна овошна трага, тогаш овој парфем е вистински избор за вас.