Стајлинг на неделата #77: разресен џинс + колор блок блејзер
•
27 ноември 2014
Секогаш оригиналната и ексцентрична Џеси Џеј постојано го бранува модниот свет. Едноставно, каква комбинација и да направи, таа е исклучителна благодарение на енергијата која ја носи. Во случајов, британската пејачка направила одличен стилски избор за гостување во утринска емисија. Разресен џинс спарен со едноставна, спортска бела маичка и блејзер во строг крој и колор блок варијанта се сосема соодветна комбинација со оглед на намената. Црвените високи потпетици даваат доза на сексапил, а залижаната коса со патец насредина и минималната шминка уште еднаш ја потврдуваат тезата: less is more!