31 впечатлива комбинација за последниот месец од годината

30 ноември 2020

Од утре официјално ќе започне одбројувањето на годината и празничниот период. Оваа 2020 година се покажа како година која не' натера да го забавиме темпото и да се посветиме на некои други нешта.

Во декември ќе ги нема оние корпоративни забави и класични предновогодишни забави и собири, но тоа не значи дека во рамки на домот со семејството не можеме да си направиме убава атмосфера и да ја испратиме годинава која на сите ни се виде исклучително долга.

Со почетокот на декември се ближи и календарското доаѓање на зимата, па ние инспирирани од сето ова, најдовме 31 впечатлив и топол стајлинг за секој ден од декември. Избегнувајте метеж и непотребни изложувања на ризик, но кога ќе треба да излезете (на работа или по друга обврска) дотерајте се и испратете ја годината со стил.

П.с. на комбинациите кои немаат јакна или капут, се подразбира дека треба да додадете такво парче.

 

џинс + ролка + крзнен капут + чизми

 

кожено мини здолниште + ролла + кардиган + капут

 

мини здолниште + кошула + палто + панделка + капут

 

 панталони со ѕвонести ногавици + џемпер + кратка јакна

 

панталони со широки ногавици + џемпер + кожен мантил + шал + беретка

 

долг топол кардиган интересни бои + металик чизми

 

 џинс + класична кошула + блуза + капут во боја со строг крој

 

 мини здолниште од плетен материјал + кошула со панделка + долго палто

 

бели класични панталони + бел капут + кариран шал

 

панталони со висок струк и фалти + џемпер со шари 

 

 панталони со принт + кошула + капут во боја

 

 плисирано миди здолниште + чизми + долг џемпер со светки

 

џинс + џемпер + макси монтка 

 

плисирано кожено здолниште + плетена блуза + краток кариран капут/ или долго палто + високи чизми

 

колор блок здолниште + кошула + џемпер + краток капут

 

фустан со принт и со ролка + чизми

 

капут во боја + ролка + здолниште + високи чизми во боја

 

 плетена ролка + тиролка во контрастни бои

 

кожени панталони + џемпер + крзнен капут (во интензивни бои)

 

здолниште со висок струк од кадифе + топол џемпер (на фотографијата под џемперот е и кошула од тантела)

 

џинс + блуза + марама + долг кариран капут 

 

панталони со висок струк и широки ногавици + кошула + плетен елек

 

металик плисирано здолниште + кошула + џемпер со карнери

 

кожени панталони + дуксер + краток капут

 

класични панталони + ролка во интензивна боја + капут со принт

 

панталони во боја со широки ногавици + џемпер + кратка топла јакна

 

 цветен макси фустан + чизми + топла јакна со крзнени делови

 

 кожени панталони + блуза + кариран блејзер во живописни бои

 

панталони со широки ногавици и џебови + блуза + топол џемпер во впечатлива боја + шал во впечатлива боја

 

здолниште со животински принт + џемпер со ролка + високи чизми

 

црвен фустан со полуролка + тенок ремен

Објавено:
30 ноември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
7.326 пати