Пончо – задолжително ИТ парче за актуелната сезона!

3 декември 2014

Иако новите омилени парчиња на светските трендсетерки не се сметаат за многу практични, фактот дека тие се неверојатно тренди и шик е и повеќе од сигурен! Доколку ги комбинирате со топли и урбани џемперчиња, додека сѐ уште температурите не паднале под нулата, тие ќе бидат вашите најдобри „пријателки“. Она што е подеднакво супер, е тоа што секое пончо можете да го носите и врз вашето омилено палто, кожена јакна и тоа како за дневните, така и за вечерните комбинации. Доколку оваа сезона сѐ уште не го набавивте вашето омилено пончо, денеска ние ви ги прикажуваме оние најмодерните за сечиј вкус.

Пончо со етно принтови...

Мора да признаеме дека оваа сезона, овие принтови се нашите омилени. Доколку сте вљубеничка во колоритот и бескрајните принтови, тогаш ова е вистинскиот избор за вас!

Безвременска класика...

Сосема спротивно од принтовите, оваа сезона набавете си и едно пончо во некоја неутрална боја кое што ќе биде вистински синоним за елеганција. Секогаш црната боја е прва на листата, па доколку истото е и украсено со некој софистициран детаљ, тогаш имате полн погодок!

Авангардно...

За сите оние девојки со малку поинаков и поуникатен стил, оваа сезона модните куќи предлагаат и неверојатно впечатливи и украсени модели. Доколку се решите за ваков стил, погрижете се остатокот од комбинацијата да биде малку поедноставен.

Лежерно...

Ваквиот вид на пончо е како создаден за оние денови кога немате време да се подготвите до совршенство. Облечете едноставни фармерки и џемпер и сето внимание нека се насочи кон плетеното пончо кај кое одат сите поени!

Објавено:
3 декември 2014
Категорија: 
Тренд