Ејми Адамс како Џенис Џоплин во сегашноста

3 декември 2014

Откако ја доби наградата Златен глобус, на 39 годишната американска актерка Ејми Адамс сè и тргна полесно. Стана заштитно лице на италијанската модна куќа Макс Мара, беше дел од одбрано друштво за насловната на магазинот The Hollywood Reporter, а нејзиниот најнов ангажман можеби е најзначаен од сите досега.

Ејми ќе ја има честа во биографски филм да ја игра улогата на легендарната икона на 70-тите, Џенис Џоплин. Францускиот режисерот Жан Марк Вал  за странските медиуми потврдува дека црвенокосата Адамс, е конечниот избор за улогата на Џоплин.

Проектот за снимањето на филмот со наслов „Get it while you can“, повеќе од четири години беше одложуван, а исто така не можеше да се најде и адекватната актерка која на вистинскиот начин  ќе го донесе ликот на Џоплин.  Пресудно за изборот на Ејми бил нејзиниот пејачки талент и харизмата која ја носи со себе. Откако информацијата се официјализираше, светските медиуми веќе на големо шпекулираат дека токму оваа улога на младата актерка може  да и го донесе Оскарот за 2016 година.

Објавено:
3 декември 2014
Категорија: 
Култура