Стајлинг на неделата #79: Розово и црно+ принт отпечатоци

12 декември 2014

Оваа недела нашиот избор за стајлинг на неделата е оној на канадската актерка Еванџелин Лили, која не воодушеви со сензуалниот изглед од елегантна комбинација во  црна и розова боја, со принт на впечатливи рози кои делуваат како отпечатоци. Фустанот  со должина до колената, долги  ракави што ги нагласуваат рамениците и висок страничен шлиц , а истиот е дело на Емануел Унгаро. Станува збор за ефектна комбинација која на суптилен начин ја изразува женственоста и совршената телесна конституција. Фустанот е комплетиран  со  црни салонки, минимална шминка и едноставна фризура. Одличен избор на аутфит за вечерни пригоди!

Објавено:
12 декември 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот