Надвор од комерцијалниот шаблон со Вера Ванг

17 декември 2014

Но овој пат, Вера Ванг реши идејната тематика за носливи и комфорни парчиња да ја пренесе во пред – есенската колекција за 2015 година. Црната боја апсолутно доминира низ целата колекција, која е во знакот на спортската елеганција.

Предноста во пред – есенската колекција се состои во тоа што парчињата може лесно да се прилагодат за извршување на дневни обврски и по заоѓањето на сонцето, да послужат како аутфит за вечерни излегувања и забави. Вера Ванг колекцијата ја опиша како „Fun Furry Flirty“, односно парчиња наменети за спонтани и заводливи девојки, кои воодушевуваат со транспарентните парчиња, блузите со тантела, плисирани комбинезони, крзнените елеци и капути. Рамните црни војнички чизми ја комплетираат симболиката на колекцијата, а за дополнителен ефект, дизајнерката порачува разбушавени фризури, кои отскокнуваат од комерцијалниот шаблон. Нескротливиот дух на жената претставен преку моќноста на црната боја, дава една универзална целина за женската силуета, проткаена низ визијата на Вера Ванг.

Објавено:
17 декември 2014
Категорија: 
Колекции